logo

Промотивна тригодишна гаранција на Канон лампи

x

Важно:
Ве молиме имајте предвид дека може да дојде до закаснување на валидацијата на вашето барање ако истовремено не се приложени потребните информации.
За СИТЕ набавки - Снимка од вашата фактура или сметка добиена на каса, потврда за нарачка
За СИТЕ набавки – валиден сериски број

Ве молиме потполнете ги сите полиња означени со ѕвездичка *
Лични податоци
Македонија
Податоци за производ
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
DD/MM/YYYY
    Updated on 11:52 AM / 18-Sep-2018

    CANON EUROPA N.V.
    ПРОМОТИВНА ТРИГОДИШНА ГАРАНЦИЈА НА ЛАМПА ЗА ПРОЕКТОР
    ПРАВИЛА И УСЛОВИ

    Промоција и Промотор

    1) Промоторот е Canon Europa N.V., регистриран на Bovenkerkerweg 59, 1185 XB, Amstelveen, Холандија (таканаречен Canon).

    2) За селектирани производи на Canon (Промотивни производи) наведени подолу, оваа Промотивна тригодишна гаранција на лампа за проектор (Промотивна гаранција на лампа за проектор) вклучува:

    a) Понуда на нова лампа за замена на дефектна (максимум 3 нови лампи);

    б) Бесплатна испорачка на новата лампа на дадената адреса од учесникот.

    За да нема недорзбирања, промоторот не нуди услуга која опфаќа физички заменување на лампата.

    Промотивен период

    3) Промотивните производи мора да бидат набавени на промотивната територија (дефинирана подолу) од www.canon.com.mk/where_to_buy/ помеѓу 01.01.2017 и 31.12.2018. Датата за набавка на производот мора да биде потврден со валиден доказ за набавка. Ве молиме земете предвид дека производите мора да бидат регистрирани во рок од 60 дена од набавката.

    Промотивна територија

    4) Промотивните продукти мора да бидат набавени во и регистрирани на адреса во една од следните промотивни територии:

    Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна, Црна Гора, Бугарија, Белорусија, Хрватска, Киргистан, Косово, Казакстан, Молдавија, Македонија, Малта, Романија, Србија, Калининград, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Украина, Грција

    Промотивни производи

    5) Селектираните производи на Canon кои се квалификуваат според оваа промотивна гаранција на лампа за проектор (промотивните производи) се во нашиот асортиман и се проектори кои се основен дел од составот на лампите. Видете ја актуелната листа на промотивни производи http://www.canon.com.mk/lampwarrantypromotion/

    6) Промотивните производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon како и да бидат снабдени и испорачани на трговци од група на компании на Canon лоцирани во промотивните територии. За да не бидете разочарани, Ве молиме проверете со Вашиот трговец за веродостојноста на оваа информација. Набавките од втора рака, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги навредуваат на кој било начин интелектуалните права на сопственост на групата компании на Canon (вклучувајќи ги овде без лимитација паралелните или таканаречени “сиви” производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција.

    7) Промотивните производи мора да бидат регистрирани во рок од 60 дена од набавката за да се квалификуваат за оваа промоција. За да го регистрирате Вашиот производ, Ве молиме поднесете го Вашето барање во согласност со инструкциите подолу.

    8) Оваа понуда е достапна само за крајни корисници.

    9) Се очекува на согласност од сите учесници да бидат обврзани со овие правила и услови

    Како да го регистрирате Вашиот производ и да ја добиете Вашата  промотивна гаранција на лампа за проектор

    10) Сите учесници мора да бидат 18 години или постари. Со поднесување на Вашето барање во рамките на оваа промоција и регистрирање на Вашиот производ, Вие се согласувате да бидете обврзани со овие правила. Ако не сте 18 години и/или не сакате да бидете обврзани со правилата на оваа промоција, Ве молиме не поднесувајте го Вашето барање за промотивната гаранција на лампа за проектор.

    11) Регистрација на производ

    a) За да ја добиете Вашата промотивна гаранција на лампа за проектор, прво мора да го регистрирате Вашиот производ. За регистрирање на производот, прецизно пополнете и поднесете онлајн формулар за регистрирање  и регистрирајте го Вашиот производ (вклучете го специфичниот валиден сериски број на производот*) во рок од шеесет дена од набавката на производот. Добиени барања за регистрирање по 60 дена од набавката на Вашиот производ нема да бидат прифатени од Canon. Учесниците ќе треба да скенираат, вчитаат и прикачат на онлајн регистрацијата валиден доказ за набавка (пр. копија од сметка или онлајн набавка и потврда за исплата). Ве молиме земете предвид дека документ за испорачка нема да биде прифатен како валиден доказ за набавка.

    *Ако Ви треба помош да го најдете серискиот број Ве молиме кликнете тука

    б) При валидација на регистрирањето на производот, учесниците ќе добијат потврда по електронска пошта дека барањето за регистрирање е прифатено и производот е регистриран. Ако не добиете ваква електронска потврда во рок од 8 работни дена од поднесувањето на Вашето барање за регистрирање, Ве молиме контактирајте info@canon.rs Ве молиме зачувајте ја Вашата електронска потврда бидејќи може да Ви биде побарана како доказ за Вашето валидно регистрирање на производот во случај да сакате да добиете одредени гарантни услуги.

    12) Барање за промотивна гаранција на лампа за проектор

    а) Веднаш откако учесникот успешно ќе го регистрира својот промотивен производ, ќе му биде испратена електронска потврда со персонализирани детали за најава во онлајн системот преку кој учесникот ќе може да управува со барањата за промотивна гаранција. За да ја добијат промотивната гаранција на лампа за проектор, учесниците мора правилно да го пополнат и поднесат барањето во онјлајн форма преку онлајн системот при што ќе ги користат своите персонализирани детали за најава.

    б) Учесниците ќе добијат електронска потврда дека нивното барање е прифатено. Ако не добиете таква електронска потврда во рок од 8 работни дена од поднесувањето на Вашето барање, Ве молиме контактирајте info@canon.rs.  Ве молиме зачувајте ја Вашата електронска потврда бидејќи може да Ви биде побарана како доказ за Вашето валидно регистрирање на производот во случај да сакате да добиете одредени гарантни услуги. Новата лампа ќе Ви биде бесплатно испратена на наведената адреса.

    в) Промотивната гаранција за лампа на проектор му дозволува на учесникот да побара бесплатна лампа како замена за старата. Учесникот може да побара до 3 лампи по еден промотивен производ во период од три години.

    13) Canon го задржува правото да го направи невалидно кое било нецелосно, неправилно или неосновано регистрирање на производ или барање.

    Одрекувања

    14) Дозволено во потполност според закон, Canon нема да биде одговорен за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа како и да е предизвикана а претрпена од кој било учесник во рамките на оваа промоција. Сепак, ни едно од овие правила не ќе може да ја отфрлат или ограничат одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработени во Canon или негови агенти.

    15) Canon го задржува правото да врши ревизија на кои било барања за да овозможи усогласеност со овие правила и услови и да побара дополнителни информации и документи за поддршка. Canon го задржува правото да отфрли барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на кој било начин. Одлуките на Canon во однос на промоцијата се конечни и во нив нема да биде направена коресподенција.

    16) Промотивните производи се предмет на достапност зависно од квантитетот на залихите. Canon нема да биде одговорен за неуспешноста на трговците да ги исполнат очекувањата за порачка на промотивни производи за време на промотивниот период.

    17) Canon го задржува правото да ја поништи, надополни, и/или промени оваа промоција во кое било време, без да сноси каква било одговорност но секогаш ќе се стреми да го минимизира влијанието над учесникот со цел да се избегне непотребно разочарување.

    Заштита на лични податоци

    18) Canon Europa N.V., Canon CEE GmbH, со деловна просторија на Oberlaaer Strasse 223, 1100 Vienna, Австрија и Canon Europe Limited регистрирани во Обединетото Кралство под регистарски број 4093977 со деловна просторија на 3 The Square, Stockley Park, Uxbridge UB11 1ET, Обединето Кралство се контролори на податоци за примена на законите за заштита на лични податоци и регулативи во однос на лични податоци доставени од кои било учесници во оваа промоција. Контролирањето и процесирањето на личните податоци, било од Canon или негови трети страни, е стриктно во согласност со неопходните закони за заштита на приватни податоци и регулативи. Личните податоци ќе бидат само зачувани и процесирани од Canon или неговите авторизирани трети страни со цел да се спроведе оваа промоција и услугите на промотивната гаранција за лампа на проектор освен ако е поинаку договорено. Ако учесниците не сакаат нивните контактни информации да бидат искористени за контакт за рекламни цели или за да ги контактира Canon во иднина за слични промоции, тие НЕ треба да штиклираат во пределот означен “за” при пополнување на формуларот.

    Обработувач на промотивните податоци е компанијата Interpay Sales Promotions, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Kilkenny, Ирска, регистрирана во Ирска под бројот 476077, чие седиште е во IDA Business & Technology Park, Ring Road Kilkenny, Ирска (во понатамошиот текст наведена како "Координатор"). Координаторот има право и е одговорен за извршување на активностите кои ги наредува Организаторот делувајќи во име и во корист на Организаторот во имплементирањето на промоцијата.

    Закон и надлежност

    19) Ништо што се содржи во овој правилник не може да ги ограничи правата кои ги имате како потрошувач.

    20) До оној степен до кој е дозволено по закон, оваа промоција, овие правила и услови и какви било спорови кои можат да произлезат од нив или во поврзаност со нив, се уредуваат по и се во согласност со законите на Англија и Велс и ќе бидат предмет на не-ексклузивна надлежност на судовите на Англија и Велс.

    21) Како потрошувач, може да имате право да ги спроведувате судските постапки на Вашиот јазик како и во Вашите локални судови. Локална организација за советување на потрошувачи ќе може да Ве посоветува за Вашите права. Овие правила и услови не ограничуваат какви било законски права кои можат да бидат применливи.

    * Потврдувам дека ги прочитав и прифатив Одредбите и условите на оваа промоција. Се согласувам со Одредбите и условите на Canon и неговата политика за приватност.
    Ве молиме штиклирајте во одреденото поле ако сакате да добивате електронски комуникативни пораки од Canon за негови производи, настани и услуги.

    Ако сакате да се откажете од добивање на маркетинг материјали од нас, ве молиме контактирајте не на : canon-unsubscribe@promotion-support.com